2011



Среда, 21 септември 2011 година

НОВА ЕВРОПСКА СТРАТЕГИЈА ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Европската комисија на 20 септември годинава презентираше стратегија за реформи на високото образование со цел да се зголеми бројот на дипломирани студенти и подобрување на квалитетот на наставата. Стратегијата која претставува дел од Европската стратегија за нови работни места и раст, ги одредува приоритетните области во кои земјите-членки на Европската унија треба да постигнат напредок и да се постигнат заедничките цели во образованието.

Во Европската унија има околу 4.000 универзитети и други институции зa високо образование, со повеќе од 19 милиони студенти. Во последните години значително е зголемен бројот и видот на високо образовните институции, како и бројот на студенти во Унијата. Високото образование има важна улога во општеството, претставува силен двигател на економскиот раст, ги отвора перспективите за подобар стандард и можности на луѓето, креира нови знаења кои се пренесуваат на студентите и ги поттикнува инвестициите.

Приоритетните области во кои се потребни понатамошни реформи вклучуваат:

  • зголемување на бројот на дипломирани студенти, привлекување на поширок дел од општеството во високото образование, намалување на бројот на напуштање на образованието;
  • подобрување на квалитетот и значењето на високото образование со образовни програми кои ќе ги задоволат потребите на заинтересираните поединци и пазарот на трудот, како и стимулирање и наградување на квалитет во наставата и научно-истражувачката работа;
  • обезбедување на повеќе можности за студентите за стекнување со дополнителни вештини преку студирањето или обука во странство, поттикнување на прекуграничната соработка за зголемување на ефикасноста на високото образование;
  • обезбедување на поголема обука за истражувачите;
  • зајакнување на врските помеѓу образованието, истражувањето и бизнисот во правец на промовирање на квалитетот и иновациите и
  • обезбедување на ефикасно финансирање во високото образование.

И покрај тоа што модернизацијата на високото образование кај многу од земјите-членки на ЕУ е приоритет, сепак потенцијалот на европските високо образовни институции не е целосно искористен. Образованието има значајно место во Стратегијата на ЕУ 2020, која има поставено за цел 40% од младите луѓе да се стекнат со високо образование до крајот на оваа декада. Предлогот на Европската комисија за следниот буџет на ЕУ вклучува значителни зголемувања на инвестициите во образованието, обуката и младите.

Повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/education/lifelong-learning-policy/doc62_en.htm

Click