2011



Вторник, 13 септември 2011 година

НОВИ ПРЕДЛОЗИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЕНЕРГИЈА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Европската комисија на 7 септември годинава издаде соопштение за безбедноста во снабдувањето со енергија и меѓународна соработка во кое за прв пат се поставува сеопфатна стратегија на Европската унија посветена на надворешните односи во областа на енергетиката. Централно значење во пристапот на Европската комисија е подобрување на координацијата на земјите членки на ЕУ во идентификување и имплементирање на приоритетите во надворешната енергетска политика.

Зависноста на ЕУ од увозот на енергија е во пораст и потребна е јасна стратегија за пошироко промовирање на енергетскиот интерес на Унијата. Конкуренцијата на прекуморска нафта, гас, резерви на јаглен како и нарушувањето во снабдувањето доведоа до променливи и високи цени на енергијата.

Со новиот предлог на Комисијата ќе се воспостави начин за здружување на земјите членки во преговарањето со добавувачите и за мегународните договори. Предлогот е дел од Енергетскиот план 2020 на ЕУ со кој се промовира намалување на потрошувачката на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, обезбедување на резерви и поддршка на економскиот раст. Обезбедувањето на заедничка позиција ќе помогне во промовирање на силни енергетски партнерства меѓу клучните соседни земји. Од друга страна потребна е меѓународна соработка како одговор на заедничките предизвици на земјите во справувањето со климатските промени.

Мерките посветени на обезбедување на резерви вклучуваат: промовирање на транспарентност преку размена на информации меѓу земјите членки за нивните меѓународни енергетски договори; помош во координирањето на пристапите кон земјите-партнери и дефинирање на заеднички ставови како и развивање на сеопфатни енергетски партнерства со клучните земји-партнери.

Стратегијата ќе се имплементира во следните неколку години, а земјите членки на ЕУ се очекува во 2012 година да започнат со користење на новиот систем за размена на информации за енергетски договори.

Повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/energy/international/index_en.htm

 

Click