2011



Четврток, 10 ноември 2011 година

НОВИ ПРОГРАМИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Царинската и даночна политика на Европската унија оствари значаен придонес во зголемување на приходите на буџетот на ЕУ и земјите-членки во изминатите години. За да се одговори на предизивиците во иднина со цел заштита на интересите на граѓаните, бизнисите и буџетите, Европската комисија на 9 ноемви годинава го усвои предлогот за новата програма за оданочување и царина-FISCUS, која ќе се спроведува во период од 7 година, од 1 јануари 2014 до 2020 година. Програмата ги спојува досегашните две одделни програми за даноци и царини кои завршуваат на 31 декември 2013 година.

Преку новата финансиска програма FISCUS ќе се поддржи соработката помеѓу царинските и даночните органи со цел да се помогне за зголемување на нивната ефикасност и да се избегнат неусогласеностите во нивното работење кои може да создадат пречки во Внатрешниот пазар.

Целите на програмата е да се заштитат финансиските интереси на ЕУ и земјите-членки,  да се обезбеди сигурност на европските граѓани, олеснување на трговијата, подобрување на капацитетите на царинските и даночните органи  и спроведување на европскиото законодавство од соодветната област. Исто така, програмата ќе придонесе кон остварување на пошироките цели на ЕУ од Стратегијата Европа 2020, за зајакнување на функционирањето на Внатрешниот пазар и Царинската унија, промовирањето на растот и иновации преку заштита на правата за интелектуална сопственост, како и формирање на дигитален внатрешен пазар.

За новата предлог-регулатива ќе се расправа во Советот и во Европскот парламент, а усвојувањето се очекува на крајот од 2012 година со цел новата регулатива да се применува од јануари 2014 година.

Дополнително, Европската комисија усвои предлози за новата програма за здравство и програмата за потрошувачи. Целта на програмите е натамошно зајакнување на врската меѓу економскот раст и здравата популација како и поддршка на ЕУ политиката за потрошувачи во периодот кој претстои. Програмите се базираат врз постојните програми кои обезбедуваат можности за земјите-членки да инвестираат во здравството и заштитата на потрошувачите.

Повеќе информации на следните линкови:
http://ec.europa.eu/taxation_customs/customs/cooperation_programmes/fiscus/index_en.htm
http://ec.europa.eu/health/programme/policy/index_en.htm
http://ec.europa.eu/eahc/consumers/index.html

Click