2011



Среда, 14 декември 2011 година

СТРАТЕГИЈА ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Европската комисија на 12 декември оваа година промовираше Европска стратегија за слободен пристап до информации, преку која се очекува да се испорача значителна финансиска поддршка на економијата на годишно ниво.

Пакетот на нови мерки насочени кон зголемување на транспарентноста на институциите, е поддржан со средства од околу сто милиони евра кои ќе се доделуваат од 2011 до 2013 година за финансирање на истражувања во понови технологии за управување со податоци. Пакетот на мерки е составен од три елементи:

  • Комуникација на Европската комисија за слободен пристап до информации во која е презентирана визија и политика за повторна употреба на податоците, вклучително и правните, развојните и финансиските елементи;
  • предлог за ревизија на Директивата 2003/98/EC за повторна употреба на информации од јавниот сектор и
  • ревизија на Одлуката со која се уредува повторната употреба на информациите на Комисија (2006/291/EC, Евроатом од 7 април 2006 година).

Овие активности ја позиционираат Европската унија на ниво на лидер во повторната употреба на информации од јавниот сектор. Податоците можат да бидат интегрирани во нови производи и услуги кои секојдневно се користат, како што се автомобилските системи за навигација, информации за временска прогноза, мапи и други корисни апликации за паметните телефони. Во „Дигиталната агенда за Европа“, Европската комисија ја идентификува повторната употреба на информациите од јавниот сектор, вклучително и брзиот и ултра брзиот интернет како клуч за воспоставување на единствен дигитален пазар.

Комисијата ќе креира нов портал преку кој бесплатно ќе се отвори архивата со податоци до јавноста и ќе се воспостави слободен пристап до податоците од Европската унија. Новиот портал во моментот е во „бета верзија“,односно фаза на развој и тестирање, а истиот се предвидува да биде промовиран следната година. Во иднина овој начин ќе послужи како единствена точка за пристап за повторна употреба на податоци од сите ЕУ институции, тела, агенции и државни органи.

Комисијата предложи ревидирање на Директивата 2003/98/ЕК за повторна употреба на информациите од јавниот сектор преку:

  • воведување на општо правило при што сите документи кои се достапни преку телата на јавниот сектор, може повторно да бидат употребени за било која намена, единствено доколку истите не се заштитени со авторски права од трети лица;
  • воспоставување на принципот државните органи да не наплаќаат повеќе од трошоците настанати при лично побарување на податоци. Во пракса тоа значи повеќето од податоците да бидат понудени бесплатно или речиси бесплатно, освен ако трошоците се оправдани;
  • да се постигне задолжително обезбедување на податоците во најчесто користен, машински-читлив формат, со цел податоците повторно и ефективно да се користат;
  • воведување на регулаторен надзор за спроведување на принципите;
  • масовно проширување на опсегот на Директивата, со цел за прв пат да се вклучат и библиотеките, музеите и архивите.

Ревидираната Директива се очекува да стапи на сила во 2013 година, при што земјите членки ќе имаат 18 месеци за нејзина имплементација во национално законодавство.

За повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/information_society/policy/psi/index_en.htm

Click