Вторник, 25 октомври 2011 година
Претседателот Вељаноски оствари средба со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, г. Жељко Комшиќ

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски истакна дека односите меѓу двете земји во последниве години се движат во одлична насока, имајќи ги предвид возвратните посети на сите нивоа. Претседателот Вељаноски потенцираше дека сега е време државите од регионот да гледаат напред и да станат полноправни членки на ЕУ и на НАТО. За жал, Република Македонија од познати причини не е дел од овие институции и покрај реформите, успесите, трите позитивни извештаи од ЕК во шестгодишниот период во кој Република Македонија има статус на кандидат за член во ЕУ. Претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија се радува на успехот на своите соседи на патот кон ЕУ и НАТО, бидејќи зачленувањето на сите земји од регионот во ЕУ ќе биде придобивка и за ЕУ и за сите нејзини членки.