ЕУ вести



Четврток, 3 март 2011 година

Европарламентот го одбележува Меѓународниот ден на жената

Со низа настани на кои ќе се потенцираат досегашните економски, политички и социјални достигнувања на жените, Европскиoт парламент од 3 до 8 март во Брисел и Стразбур ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената. Ќе се обрне внимание и на нееднаквоста меѓу половите која сè уште постои, сиромаштијата на жените, разликите во платата, пристапот до работни места, како и мајчинското прашање

Комитетот за праватa на жените и еднаквостa меѓу половите, денеска ќе одржи меѓупарламентарна средба на тема „Жените во политиката во Европската унија“, која ќе се фокусира на тоа како да се зголеми учеството на жените во политиката.

На 8 март, Европарламентот формално ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената.
 

Click