ЕУ вести



Четврток, 3 февруари 2011 година

Европратениците солидарни со протестантите во Египет и Тунис

Мнозинството од политичките групи во Европскиот парламент изразија солидарност со протестантите во Египет и Тунис и го критикуваа недостатокот од единствен европски глас и неодлучноста на Европа во поддршката на протестите во двете земји

Високиот претставник на Европската унија, г-ѓа Кетрин Ештон, изразувајќи загриженост за ситуацијата во овие две земји, изјави дека политиката треба да е за промена на работите, за да им се помага на луѓето да си го подобрат животот.

Европарламентот реши да испрати 12-члена делегација во Тунис, од 3 до 6 февруари, со цел да направи проценка на тамошната политичка ситуација и да разговара со претставници на привремената влада и со членови на граѓанското општество.

На вчерашното отворање на дводневната седница, претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, зборуваше за кризата во Египет и Тунис; за 20-годишнината од „Крвавата недела“; за неодамнешното бесење на Захра Бахрами во Иран и убиството на Дејвид Като, активист за правата на хомосексуалците, во Уганда; како и за геноцидот на Ромите за време на Втората светска војна


Click