ЕУ вести



Петок, 15 април 2011 година

Филмска награда за човекови права од Советот на Европа

Режисерот на филмот којшто ја подигнува јавната информираност и интересот за човековите права и ја зголемува свеста за нивната важност, ќе се закити со филмската награда „FACE“, која ја доделува Советот на Европа, за време на завршницата од 30. Меѓународен филмски фестивал во Истанбул.

Наградата, која се доделува по петти пат, има за цел да му оддаде признание на еден уметнички или документарен филм кој ги поттикнува човековите права во согласност со вредностите на Советот на Европа и принципите на индивидуалната и политичката слобода и законодавството. 

Номинирани се десет филмови, но само еден од нив ќе ја понесе наградата, која се состои од бронзена скулптура и 10.000 евра.

Click