ЕУ вести



Понеделник, 18 април 2011 година

Конференција на Советот на Европа за Интернетот

Советот на Европа, денеска и утре, во Стразбур, ќе одржи Конференција под наслов „Слобода на Интернетот: Од принципи до глобален законски договор?", на која ќе стане збор за тоа дали е потребен глобален договор за зачувување на Интернетот како средство за заштита на правото на слобода на изразување и пристап до информации.

Конференцијата ќе ја отвори заменик-генералниот секретар на Советот на Европа, г. Мод де Боер-Букичио, а ќе земат учество претставници на влади, приватниот сектор, граѓанското и техничкото општество.

Учесниците, меѓу другото, ќе расправаат и за десетте принципи за управување со Интернетот, изработени од Експертската група за пограничен интернет на Советот на Европа, која се залага за заштита на Интернетот и афирмирање на негова универзалност, целосност и отвореност.

Исто така, ќе се разгледа и можноста за понатамошни меѓународни активности за зачувување на Интернетот, зашто со евентуалното негово исклучување би се загрозиле вредностите на демократијата, како и комуникацијата на милиони луѓе.

 

Click