ЕУ вести



Понеделник, 21 март 2011 година

Меѓународен ден против расната дискриминација

Денеска, на 21 март, се одбележува Меѓународниот ден против расната дискриминација. Советот на Европа е решен да ја продолжи својата работа на ова поле, преку сите средства со кои располага, со цел никој да не биде изложен на дискриминација или омраза по расна основа, по боја на кожа, пол, јазик, религија, потекло и слично.

„Во денешна Европа, полна со различности, не смееме да го заборавиме основниот принцип - дека сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни по достоинство и права. Сега, повеќе од било кога, треба да одговориме на предизвиците на промените во општеството, да се бориме против сите форми на расизам и ксенофобија“, изјави г. Ахмет Давутоглу, претседател на Комитетот на министри на Советот на Европа.

За тоа дека дискриминацијата е огромен проблем во Европа, говореше и комесарот за човекови права на Советот на Европа, г. Томас Хамарберг.

Тој истакна дека нејзиното искоренување ќе го направи нашиот континент подобро место за живеење, а националните структури за поттикнување на рамноправноста се клучни актери во ова настојување и треба да бидат поддржани од политичките лидери.

Генералното собрание на ООН го прогласи 21 март за Меѓународен ден против расната дискриминација во 1966 година, со апел до заедниците ширум светот да ги зголемат своите напори како би се елиминирале сите видови на расна дискриминација.

 

Click