ЕУ вести



Четврток, 27 јануари 2011 година

Меѓународен ден за сеќавање на жртвите на Холокаустот

Денеска, по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на Холокаустот, во просторот пред Палатата на Европа, се одржа церемонија и беа положени венци на спомен-плочата.

Овој ден го означува крајот на Холокаустот, кога на 27 јануари 1945 година советските војски ги ослободиле затворениците од најголемите нацистички концентрациони логори во Аушвиц-Биркенау, Полска.

Панихидата ја започна генералниот секретар на Советот на Европа, г. Турборн Јагланд, а свои обраќања имаат и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Мевлут Чавушоглу, Големиот Рабин Рене Гутман и претседателот на Романија, г. Трајан Басеску.

„Веќе сè е кажано за она што се има случено. сè е кажано за тоа како не треба да се повтори. Сакам да кажам - доволно е зборење, мораме да се сеќаваме и да делуваме“, изјави г. Јагланд. 

Во 2005 година, Генералното собрание на Обединетите нации го определи 27 јануари како ден на сеќавање на шесте милиони еврејски жртви на нацистичкиот режим на Адолф Хитлер во текот на Втората светска војна.

Преживеаните од Холокаустот порачуваат никогаш да не се заборави она што се случувало во Европа во 1930 и 1940 година и надеж дека никогаш нема да се повтори геноцидот.

Click