ЕУ вести



Вторник, 2 февруари 2011 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, ќе одржи пленарна седница во Брисел, на која ќе се расправа за ЕУ приоритетите на енергетската стратегија со Советот и Комисијата, во пресрет на состанокот на Европскиот совет на 4 февруари, којшто ќе се фокусира на енергетиката и иновациите.

При отворањето на седницата, претседателот на Европарламентот, г. Јержи Бузек, ќе одржи говор за признавањето на геноцидот врз Ромите во текот на Втората светска војна. 

Утре, европратениците ќе гласаат за актуализираните правила за подобрување на собирањето и рециклирањето, како и за спречување на нелегален извоз на таков отпад.

Исто така ќе се разгледа и актуелната политичка ситуација во Тунис и Египет, како и статусот на Јужен Судан по неодамнешниот референдум.  

На дневниот ред, меѓу другото, ќе се најдат и цените на прехранбените производи, со оглед на тоа што од 2009 година тие се зголемени и непостојани, што влијае на производителите и потрошувачите во ЕУ и во земјите во развој.

Click