Петок, 28 декември 2012 година
Одржан состанок на Клубот на пратенички


Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, денеска одржа состанок на кој беа поканети сите пратенички од власта и опозицијата, женските мрежи (МЖЛ, СОЖМ и Антико) како и сите медиуми.
Целта на овој состанок беше членовите на Клубот на пратенички да ги споделат своите видувања за настаните како жени и политичарки, одговорни за иднината на својата држава. На состанокот не дојдоа пратеничките од опозицијата.
Присутните пратенички се договорија за следново:
1) Членовите на Клубот на пратенички изразија жалење за отсуството на колешките од опозицијата и искажаа спремност за повторување на ваква средба во термин кој ќе биде заеднички договорен;
2) Пратеничките беа спремни за дискусија и дијалог за настаните од изминатиот месец, за кои беа изнесени неточни верзии преку некои медиуми.
Поради ова присутните пратенички изразија спремност да се соочат и да се откријат мотивите за однесувањето на колешките од опозицијата во наведениот период;
3) Едногласно беше заклучено дека Клубот на пратенички со години наназад е мост за надминување на многу сложени состојби во Собранието на Република Македонија и се надеваме дека таа улога ќе ја одигра и сега.