Понеделник, 5 март 2012 година
Пратениците Љубисав Иванов-Ѕинго и Марјанчо Николов на Конференција во Белград

Претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Љубисав Иванов-Ѕинго и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г. Марјанчо Николов, на 3 март 2012 година, учествуваа на Конференција во Белград, на тема: „Улогата на парламентите во процесот на одредување на приоритети: Kратење на јавните расходи или стимулирање на економијата", во организација на Народното собрание на Република Србија, Институтот за економски науки од Белград и Фондацијата „Фридрих Еберт"