Четврток, 18 октомври 2012 година
Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со д-р Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Унгарија

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети и членовите: г-ѓа Силвана Бонева, г. Ѓорѓи Коџабашиев, г. Васко Мицевски, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Оливер Спасовски, г. Орхан Ибраими, г. Амди Бајрам и г. Сафет Бишевац, вчера, на барање на д-р Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Унгарија, одржаа средба во врска со надлежностите на Комитетот и неговата улога во остварување на правата на заедниците во Република Македонија. На средбата присуствуваше и Н.Е. Дарко Ангелов, амбасадор на Република Македонија во Унгарија