2012



Четврток, 15 ноември 2012 година

ЕСЕНСКА ЕКОНОМСКА ПРОГНОЗА 2012-2014

Европската комисија на 7 ноември 2012  ја презентираше есенската економска прогноза за еврозоната и генерално за Европската унија, за периодот 2012-2014 година со индикатори за бруто домашниот производ, инфлацијата, вработеноста и јавните финансии. Последиците од финансиската криза продолжуваат да се одразуваат на растот, како и на вработеноста во ЕУ и еврозоната. Силните политички мерки за справување со кризата, како и мерките за подобрување на функционирањето на економската и монетарната Унија, помогнаа да се стабилизира економијата на ЕУ.

За следната година проектиран е постепен раст на БДП на 0,4% во ЕУ и на 0,1% во еврозоната. Во текот на 2014 година се предвидува БДП да се зголеми до 1,6% во ЕУ и 1.4% во еврозоната.

Во однос на фискалниот дефицит, се очекува истиот да се намали на 3,6% од БДП на ЕУ и на 3,3% во еврозоната како резултат на плановите за консолидација иплементирани во текот на годината.

Стапката на невработеноста во 2012 година во земјите-членки на Унијата значително се разликува, од 4,5% во Австрија до 25,1% во Шпанија. До крајот на годинава се очекува невработеноста во ЕУ да го достигне нивото од 10,5% во ЕУ и 11,3% во еврозоната. За следната 2013 година предвидувањата се дека невработеноста ќе биде околу 10,9% на ниво на ЕУ и 11,8% во еврозоната.

За годинава инфлацијата е проценета на 2,7% во ЕУ и 2,5% во еврозоната, а за следната година се предвидува да се намали на 2% на ниво на Унијата и 1,8% во еврозоната.

Повеќе информации на следниов линк:
http://ec.europa.eu/news/economy/121107_en.htm
http://ec.europa.eu/economy_finance/eu/forecasts/2012_autumn_forecast_en.htm

Click