2012



Понеделник, 29 октомври 2012 година

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ УСВОИ СТРАТЕШКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ЗА 2013 ГОДИНА

Европската комисија на 23 октомври годинава ги утврди своите планови за 2013 година. Во Програмата за работа за 2013 на Европската комисија се поставени клучните приоритети за работењето на Комисијата, вклучително и листа на предлози што ќе треба да се подготват. Во текот на следната година како и првата половина од 2014 година Комисијата ќе треба да предложи околу 50 нови иницијативи.

Излезот од економската криза и да се постигне враќање на Европската унија на патот кон одржлив раст, останува врвен приоритет на Комисијата. Во Програмата на ЕК за работа за 2013 година сумирани се целите на Унијата во седум клучни области, се објаснува како Комисијата ќе се справи со поставените цели: преку преземање на клучни иницијативи, подготовка на нови предлози, обезбедување на ефективна имплементација на реформите заради обезбедување на придобивки за граѓаните. 

Клучни области на Програмата за работа на Комисијата се следните:

  • подобрување на стабилноста, транспарентноста и заштитата на потрошувачите во финансискиот сектор, врз основа на планот за поблиска економска и монетарна унија;
  • зголемување на конкурентноста преку единствениот пазар и индустриската политика, намалување на трошоците за бизнисите во областите на ДДВ и фактурирањето, поттикнување на јавните приватни партнерства во областа на истражувањето;
  • поврзување на Европа преку либерализација нa енергетските мрежи, зголемување на инвестициите во инфраструктурата на широкопојасниот интернет, модернизација на транспортот и логистика;
  • поддршка за невработените, подобрување на јавните служби за вработување и поддршка на социјалната инклузија;
  • во областа на енергeтиката, ресурсите и животната средина, преку политики за одржлив раст, задоволување на енергетските потреби, одговор на климатските промени, подобрување на квалитетот на воздухот и др.;
  • градење на сигурна и безбедна Европа и
  • промовирање на европските интереси и вредности на глобално ниво преку нови трговски договори, соработка со соседните држави, продолжување со улогата на ЕУ како светски водечки учесник во помошта за развој.

Програмата за работа за 2013 на Комисијата се усвојува во рамките на новиот циклус постигнат меѓу Европската комисија и Европскиот парламент, со рамковниот договор од 2010 година. Донесувањето на програмата следува по интензивниот структурен дијалог за приоритетите на Унијата, со Европскиот парламент, Комитетот на регионите и Европскиот економски и социјален комитет.

Комисијата ќе соработува со Европскиот парламент, лидерите на ЕУ во Советот, националните парламенти на земјите-членки како и други засегнати страни, за да се постигнат видливи резултати за европските граѓани.

За повеќе информации на следните линкови:
http://ec.europa.eu/atwork/key-documents/index_en.htm
http://ec.europa.eu/news/eu_explained/121024_en.htm

Click