2012



Петок, 28 септември 2012 година

НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДДРШКА НА КУЛТУРНИТЕ И КРЕАТИВНИТЕ СЕКТОРИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Европската комисија на 26 септември годинава презентираше стратегија за зголемување на растот и на работните места во културните и креативни сектори во Европската унија. Oвие два сектори  вклучуваат компании и организации активни во повеќе области: архитектура, уметничките вештини, културно наследство, дизајн, фестивали, филм, телевизија, музика, уметници, визуелна уметност, архиви, библиотеки, публикување и радиа, кои остваруваат помеѓу 3.3% до 4,5% од БДП и вработуваат од 7 до 8,5 милиони луѓе во ЕУ. Како резултат на промените од дигитализацијата и глобализацијата, креативните и културните сектори се соочуваат со големи предизвици. Пристапот до финансиски средства останува најголема пречка за развој на двата сектори.

Целта на новата стратегија е да се зголеми конкурентноста и извозниот потенцијал на двата сектори и да се зголемат придобивките од областите: иновации, ИКТ и др. Комисијата повикува за активности за напредок на креативните и културните сектори, преку развивање на вештини, промоција на нови бизнис модели, пристап до финансии и меѓународните пазари како и подобрување на врските со други сектори.

"Креативна Европа" е нова програма на Европската унија предложенa од Европската комисија на 23 ноември 2011 година. За предлог програмата сеуште се водат дискусии во Советот на ЕУ и Европскиот парламент. Со оваа програма ќе се обезбеди заштита и промовирање на културната и јазична разновидност и ќе се зајакне конкурентноста на културните и креативните сектори.

Програмата „Креативна Европа“ ќе им овозможи на секторите да ги достигнат потенцијалите и да придонесат за остварување на целите на Европа 2020, за одржлив развој, работни места и социјална кохезија. Со програмата "Креативна Европа" ќе се обезбедат повеќе средства за стекнување на нови вештини и работа преку границите за уметниците и културните работници, за транснационални културни активности во рамките на ЕУ и надвор од неа, ќе се овозможи полесен пристап до приватното финансирање и за развивање на конкурентноста на Европа во областа на културата и филмот. Поддршка ќе добиваат околу 300.000 уметници и културни работници, повеќе од 1000 европски филмови за дистрибуцијата, 2500 кинотеки низ Европа, како и за превод на повеќе од 5500 книги и други литературни дела.

За повеќе информации на следните линкови:
http://ec.europa.eu/culture/creative-europe/index_en.htm
http://ec.europa.eu/culture/news/20120926-boost-growth_en.htm


 

Click