2012



Вторник, 25 декември 2012 година

НОВИ НАСОКИ ЗА ШИРОКОПОЈАСЕН ИНТЕРНЕТ

Европската комисија на 19 декември годинава усвои нови ревидирани насоки за примена на европските правила за државна помош во секторот за широкопојасен интернет. Новите насоки се со цел да им се помогне на земјите-членки да ги постигнат целите од Дигиталната агенда на Европската унија, и истите се дел од иницијативата на Европската комисија, за модернизација на државната помош.

Ревизијата на насоките се случува после три години од нивната примена во 2009 година, при што се земени предвид коментарите и препораките од засегнатите страни особено за зајакнување на обврските за отворен пристап и подобрување на правилата за транспарентност.

Промените се резултат на одржаните јавни консултации и интензивен дијалог со сите засегнати страни: земјите-членки на ЕУ, регулаторите на националните телекоми, надлежните органи за доделување на државна помош, телекомуникациски оператори, бизнис асоцијации, здруженија на потрошувачи и граѓаните.

Во фокусот се следните принципи и приоритети за:

  • технолошка неутралност: супер-брзите мрежи може да се базираат на различни технолошки платформи;
  • ултра-брзи широкопојасни интернет мрежи во насока на постигнување на целите на Дигиталната агенда на ЕУ;
  • чекор кон поврзувањето: за заштита на приватните инвеститори секоја јавна инвестиција мора да го исполни т.н."чекор на промена", да обезбеди значително подобрување на постојните мрежи;
  • зајакнување на отворениот  пристап- отворена мрежа каде што конкуренцијата е обезбедена;
  • транспарентност: нови одредби во врска со објавување на документи, централизирана база на податоци за постојната инфраструктура и обврските за ex post известување до Комисијата.

Со Дигиталната агенда на Европа поставена е амбициозна цел за развој на инфраструктурата на широкопојасниот интернет, врвен приоритет за 2013 и 2014 година е обезбедување на подобар и побрз широкопојасен интернет. Државните органи може да финансираат инвестиции во согласност со европските правила за државна помош. Усвојувањето на новите насоки се планира во јануари 2013 година.  

 

За повеќе информации на следните ЕУ линкови:

http://ec.europa.eu/digital-agenda/

http://ec.europa.eu/competition/state_aid/modernisation/index_en.html

http://ec.europa.eu/competition/consultations/2012_broadband_guidelines/index_en.html

Click