2012



Понеделник, 24 септември 2012 година

ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА СОРАБОТКА

За прв пат оваа година во Европската унија се одбележа Европскиот ден на соработката. Во одбележувањето на Европскиот ден на соработка беа организирани околу 200 настани, се приклучија 72 програми за соработка од околу 40 земји од Европа, со што беа прославени постигнувањата на европските региони и земјите кои соработуваат преку границите.

Европскиот комесар за регионална политика, г. Јоханес Хан, во говорот во Европскиот парламент на 18 септември годинава, го потенцираше следното: „Проектите за територијална соработка помагаат за градење на довербата, за поттикнување на заемното разбирање. Тие се камен-темелници за долгорочно партнерство  и суштински компоненти на европската интеграција“.

Европската територијална соработка е важна тема за регионалната политика на Европската унија. Регионите и градовите од различни земји-членки на ЕУ се охрабруваат да работат заеднички, да учат едни од други преку заеднички програми, мрежи и проекти.

Во моментот во Европската унија се спроведуваат 93 програми за соработка, повеќето од нив се посветени на прекуграничната соработка, на внатрешните граници на ЕУ, како и програми за земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

Од почетокот на 1990 година, околку 30.000 прекугранични проекти добиле инвестиции од Унијата, истите овозможиле големи придобивки за граѓаните во Европа, од создавање на нови работни места за заштита на животната средина до подобрување на услугите во областите на здравствената заштита, транспортот и енергијата.

Европската територијална соработка опфаќа три вида на програми:

  • 53 програми за прекугранична соработка и внатрешните граници на ЕУ;
  • 13 програми за интернационална соработка кои опфаќаат поголеми региони на соработка (регионот на Балтичкото Море, алпскиот и медитеранскиот регион),
  • програма за меѓурегионална соработка (INTERREG IVC) и 3 програми-мрежни системи (Urbact II, INTERACT II и ESPON) кои ги покриваат сите 27 земји-членки на ЕУ.

Во однос на идните предизвици, Европската комисија, Советот и Европскиот парламент ќе продолжат да работат за натамошно подобрување на законодавната рамка за регионалната политика, вклучително и територијалната соработка. Европскиот парламент даде поддршка на предлогот за значајно зголемување на финансирањето на соработката, што претставува јасно препознавање на важноста на додадената вредност на соработката.


За повеќе информации на следните линкови:
http://www.ecday.eu/
http://ec.europa.eu/regional_policy/cooperate/cooperation/index_en.cfm

Click