2012



Петок, 7 декември 2012 година

РЕФОРМА НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА СЛУЖБИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (EURES)

Креирањето на работни места е еден од приоритетите на Европската унија. Главна цел до 2020 година е да се достигне стапка на вработеност од 75% за луѓето на возраст од 20 до 64 години, и претставува една од петте клучни елементи на Стратегијата Европа 2020. За многу од невработените лица, решението е во наоѓање на работа од една во друга земја-членка на Унијата. Работните места во ЕУ се достапни, бројот на слободни работни места се зголемил од средината на 2009 година особено во областите кои бележат висок раст: секторите за ИКТ, телекомуникации и зелена економија.

Европската комисија ја воведе Мрежата на јавните служби за вработување EURES со цел подобро да се задоволат потребите на барателите на работа и работодавачите. Од воспоставувањето на мрежата EURES со Одлука на Европската комисија 93/560/ЕЕС за спроведување на регулативата на Советот бр.1612/68 и Одлуката на ЕК 2003/8/ЕС, постигнат е голем напредок. Во моментов EURES покрива околу 40% од достапните работни места во 31 земји од Европа, и содржи онлајн база на податоци со 750.000 биографии.

Со Одлуката на Европската комисија од 26.11.2012 за имплементирање на Регулативата 492/2011 на Европскиот парламент и Советот, EURES ќе се реформира со цел да понуди повеќе работни места преку вклучување и на приватните агенции за вработување акредитирани и надгледувани од страна на националните канцеларии во секоја земја учесник во мрежата. Реформата е во согласност со агендата на ЕУ за нови вештини и работни места, која има за цел обезбедување на пофлексибилен пазар на трудот, креирање на нови работни места, стекнување на работниците со потребните вештини за работа и подобрување на условите за работа. Реформата на EURES треба да биде спроведена до крајот на 2013 година.

Интернет порталот EURES е бесплатен за користење и обезбедува информации на 25 јазици за условите за вработување во сите 27 земји-членки на ЕУ како и Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија.

За повеќе информации на следните линкови:
http://ec.europa.eu/eures/home.jsp?lang=en
http://ec.europa.eu/news/employment/121203_en.htm

Click