2012



Вторник, 27 ноември 2012 година

ВНАТРЕШЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР НА ЕУ ДО 2014 ГОДИНА

Европската комисија на 15 ноември годинава објави соопштение за проценка на состојбите на Внатрешниот пазар на енергија што треба да биде завршен до 2014 година. Преку ефикасен, интерконектиран и транспарентен Внатрешен енергатски пазар, на европските граѓани и компании ќе им се понуди безбедно и одржливо снабдување на енергија со најниски можни цени.

Европската комисија ги повика земјите-членки на Унијата да ги засилат напорите за транспонирање и иплементација на постојните правила на ЕУ за Внатрешен енергетски пазар. Комисијата заедно со земјите-членки ќе работи на поттикнување на потрошувачите и намалувањето на државните интервенции кои ги нарушуваат пазарите.

Со цел да се комплетира Внатрешниот пазар на енергија во Европската унија до 2014 година, Комисијата предвидува неколку мерки: 

- спроведување на законодавството за Внатрешниот пазар и зајакнување на правилата за конкуренција. Дел од земјите-членки и покрај периодот од 20 месеци сеуште го немаат целосно транспонирано третиот пакет за енергетски пазар (Директивите 2009/72/ЕЗ и 2009/73/ЕЗ);

- зајакнување на правата на потрошувачите. Според проценките, потрошувачите во ЕУ би можеле да заштедат околу 13 милијарди евра годишно, доколку се префрлат на најефтина тарифа на електрична енергија. Комисијата ќе обезбеди правата на потрошувачите  кои се дел од законодавството на ЕУ, да бидат видливи во националното законодавство и истите соодветно да се почитуваат од сите учесници на пазарот. Исто така ќе биде вклучена можност за потрошувачот да се префрли од еден на друг добаувач на електрична енергија во период од 3 недели без финансиски трошоци;

- обезбедување на модел на флексибилен пазар. Некои земји-членки планираат да дадат поддршка на производителите на енергија за одржување на нивните расположиви производствени капацитети. Пред да се воведат т.н. капацитети на механизми, земјите-членки треба да извршат анализа дали постои недостиг на инвестиции во  производството и кои се причините за тоа.

Комисијата, исто така, ќе предложи насоки за шемите за поддршка за обновливите извори на енергија кои ќе ја подобрат ефикасноста на Внатрешниот пазар на Унијата.


За повеќе информации на следниов линк:
http://ec.europa.eu/energy/gas_electricity/internal_market_en.htm

Click