2012



Вторник, 09 октомври 2012 година

ВТОР ПРЕГЛЕД НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА НАНОМАТЕРИЈАЛИ

Европската комисија на 3 октомври годинава усвои Комуникација за втор преглед на регулативата за наноматеријали во кој се вклучени плановите за подобрување на законодавството на ЕУ од областа на наноматеријалите со цел да се обезбеди нивно безбедно користење.

Вториот преглед на регулативата за наноматеријали претставува надградба на Прегледот на регулативата од 2008 година и одговор на Резолуцијата од 2009 година на Европскиот парламент како и повикот на Советот од 2010 година, за оцена на потребата за развивање специфични мерки за наноматеријалите поврзани со процена на ризиците како и управувањето, информирањето и мониторингот.

Според сознанијата и мислењата на научните и советодавните комитети во ЕУ, наноматеријалите се слични на стандардните хемикалии и супстаниции, а некои од нив може да бидат токсични. Можните ризици се поврзани со одредени видови на наноматеријали и нивната специфична намена, затоа е потребно да се врши процена на ризикот, за секој случај одделно, со користење на релевантни информации. Во последните години се развиени многу нови апликации поврзани со наноматеријалите, голем број на производи за широка потрошувачка како UV-филтрите кај кремите за заштита од сончевото зрачење, медицински и технички апликации, литиум-јонските батерии, соларните панели и др.

За да се подобри достапноста на информациите за наноматеријалите, Комисијата ќе креира веб-платформа со референци до сите релевантни извори на информации како и на постојните регистри на национално и секторско ниво.

Во моментот, Регулативата (REACH) за регистрација, евалуација, авторизација и ограничување на хемикалиите што е во сила од 01 јуни 2007 година, претставува најдобра можна рамка за управување со ризици од наноматеријали кои се појавуваат како супстанции или смеси. Сепак, Комисијата предвидува промени во дел од анексите на регулативата (REACH).

За повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/nanotechnology/index_en.html

 

Click