Петок, 11 јануари 2013 година
Средба на претседателот Вељаноски со г. Лук Симпкинс, федерален пратеник на Австралија
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, ги истакна своите позитивни впечатоци од официјалната посета на Австралија. Претседателот Вељаноски истакна дека средбите ќе ги подобрат билатералните односи, како и парламентарната соработка со пријателската Австралија, кои во континуитет имаат нагорна линија.
Пратеникот, г. Сипмпкинс, истакна дека е воодушевен од напредокот и модернизацијата на главниот град, и дека тоа е добар показател за економската стабилност.
Тој се интересираше и за евроатлантските аспирации на Република Македонија и изрази надеж дека разговорите со медијаторот Нимиц ќе вродат со плод.
На средбата стана збор и за македонската заедница која живее во Австралија, за која г. Симпкинс истакна дека има придонес во општествениот и социјалниот живот на Австралија. Тој додаде дека неговиот електорат го сочинуваат повеќе од 1.000 македонски гласачи.
Двајцата соговорници разменија мислење околу идните избори во Република Македонија, како и за изборите во Австралија.
На средбата, исто така, стана збор и за можностите за проширување на економската соработка меѓу Република Македонија и Австралија.
Посебен акцент во разговорот се стави на развојот на рударството и ископувањето на минералните суровини во Република Македонија, бидејќи постои голема заинтересираност од страна на компании од Западна Австралија кои би инвестирале во оваа област.