Понеделник, 1 април 2013 година, Белград
Претседателот Вељаноски во официјална посета на Република Србија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски престојува во официјална посета на Република Србија, во рамките на која, денеска оствари средба со својот колега, претседател на Народното собрание на Република Србија, г. Небојша Стефановиќ, со претседателот на Пратеничката група за соработка, г. Зоран Остоиќ и со членовите на Групата, како и со претседателот на Владата на Република Србија, г. Ивица Дачиќ.