Понеделник, 15 април 2013 година
Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната конференција „Европска интеграција низ соработката на парламентите, граѓанското општество и независните регулаторни тела во ЈИЕ - размена на искуства и позитивни практики"

Парламентите се централната демократска институција во современото општество. Но, за да можат вистински и целосно да ја играат улогата на клучна институција во политичкиот систем, парламентите треба да бидат почитувани од сите учесници во политиката. Во транзиционите општества на парламентите им е потребна поголема поддршка од јавноста и медиумите и поголем респект од страна на политичките партии за да можат постепено да ја достигнат својата клучна улога во демократскиот живот. Кога, пак, државата е во процес на пошироко интегрирање, поддршката на парламентите треба да е недвосмислена и од надвор, од меѓународните субјекти