ЕУ вести

Среда, 25 јуни 2014 година

Албанија со кандидатски статус за ЕУ

Советот за општи работи на Европската унија, на вчерашниот состанок одлучи на Албанија да ѝ се додели кандидатски статус за членство во ЕУ.

За започнување на официјални преговори за членство, нашиот западен сосед треба да добие препорака и од Европската комисија во рамките на прогрес-извештајот во октомври, а потоа и „зелено светло“ од Европскиот совет на Самитот во декември.

Истовремено, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ упатија апел до Албанија да ја засили борбата против корупцијата и организираниот криминал.

На состанокот, исто така, беа направени подготовки за следниот состанок на Европскиот совет, кој ќе се одржи на 26 и 27 јуни.

Утре лидерите на ЕУ ќе го одбележат почетокот на Првата светска војна и ќе се фокусираат на иднината на Унијата, нејзините приоритети и цели. В петок, пак, ќе дебатираат за слободата, безбедноста и правдата, заштитата на податоци и слободното движење на граѓаните на ЕУ, а на агендата ќе се најдат и развојот, конкурентноста и работните места, климата и енергетиката, како и односите со Украина и Русија и другите источни партнери.
Click