ЕУ вести

Четврток, 5 јуни 2014 година

Литванија подготвена за Еврозоната

Европската комисија оцени дека Литванија е единствената земја која ги исполнила критериумите за влез во Еврозоната. Еврокомисијата му предложи на Советот на министри на ЕУ во јули да даде конечна одлука оваа балтичка земја од 1 јануари 2015 година да може да го воведе еврото како основна валута и единствено законско средство на плаќање.  

Во Извештајот на Еврокомисијата се вели дека Хрватска, Бугарија, Романија, Унгарија, Чешка, Полска и Шведска, не ги исполнуваат во целост условите за приклучување кон единствената европска валута. Преостанатите 18 земји-членки на ЕУ, освен Велика Британија и Данска, веќе се дел од Еврозоната.

Условите за воведување на еврото се состојат од четири економски критериуми во однос на инфлација, јавни финансии, девизент курс и долгорочни каматни стапки. Исто така, според Договорот на ЕУ, при оценувањето мора да бидат земени предвид и дополнителни фактори како индикатори дека интеграцијата на земјата-членка во еврозоната ќе се одвива без проблеми.



Click