ЕУ вести

Среда, 25 јуни 2014 година

Љубљана – зелен град на Европа

Европската награда за зелен град на Европа за 2016 година ја доби главниот град на Словенија – Љубљана, победувајќи ја конкуренцијата градови - Есен, Нијмеген, Осло и Умеа.

Наградата ја додели ЕУ комесарот за животна средина, г. Јанез Поточник, самиот Словенец, за време на церемонијата во Копенхаген.

Словенечката метропола беше наградена за реализирањeто низа зелени мерки преку стратегијата за одржливост „Визија 2025“, со која придонесе кон подигнување на свеста на граѓаните за животната средина.

Во текот на изминатата деценија, превозот во Љубљана е драматично изменет, во смисла на ограничување на моторизираниот сообраќај и давање приоритет на пешаците, велосипедистите и јавниот превоз.

Оваа европска награда им дава на значење на градовите кои имаат амбициозни цели за подобрување на животната средина и одржлив развој, за постигнување високи еколошки стандарди и можност да дејствуваат како модел за инспирација на другите градови.


Click