ЕУ вести

Понеделник, 16 ноември 2015 година

Петок 13-ти - Европски ден на жалост 

По повод петочните терористички напади во Париз, шефовите на држави и влади на Европската унија и нејзините институции, дадоа заедничка изјава, во која истакнаа дека тој срамен чин на тероризам што значи напад на цела Европа, ќе постигне спротивен ефект од својата цел, која требаше да донесе поделби, страв и сеење омраза. 

„Европската унија е длабоко шокирана и во жалост по терористичките напади во Париз. Обединети сме со францускиот народ и Владата на Франција. Сето она што може да се направи на ниво на Европа за безбедноста на Франција, ќе биде направено. Ќе сториме сè што е неопходно за да се победат екстремизмот, тероризмот и омразата. Сите ние Европејците ќе се сеќаваме на 13 ноември 2015 година како Европски ден на жалост“. 

По нападите во француската метропола, Претседателството на Луксембург со Советот на Европската унија, во координација со Франција, свика вонреден состанок на министрите за правда и внатрешни работи за 20 ноември во Брисел, со цел да се донесе силен и обединет европски одговор.

Европските лидери упатија апел до сите Европејци денеска напладне да се приклучат на едноминутното молчење во спомен на жртвите. 

Click