Собраниско раководство

Вторник, 24 мај 2016 година, Рим

Македонска црковно-државна делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“

По повод одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил", која секоја година се одржува во Рим, Италијанска Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ја предводеше Македонската црковно-државна делегација која денеска присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.

По молебенот, делегацијата положи венец свежо цвеќе.

Click