Собраниско раководство

Среда, 25 мај 2016 година

Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Грција, г. Харис Лалакос 

Денес, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, одржа проштална средба со амбасадорот на Република Грција, г. Харис Лалакос.

Двајцата соговорници се согласија дека билатералните односи меѓу двете земји се подобрени. Ова особено се истакнува преку справувањето со мигрантската криза која не е само регионален, туку и глобален проблем. За време на средбата беше истакнато дека взаемната соработка на економски и политички план придонесува во развојот на добрососедските односи.     

На крајот на средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски му посака успешна работна на неговата следна работна позиција како амбасадор во Вашингтон. 

Click