ЕУ вести

Среда, 29 мај 2019 година

Позитивен извештај од Европската комисија

Денеска Европската комисија, преку еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини, во Брисел го објави Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, со кој препорачува отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Во Извештајот се вели дека земјата одржува стабилно темпо на спроведување на реформите на ЕУ и продолжила да дава конкретни резултати во клучните области идентификувани во Заклучоците на Советот, како што се судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформа на разузнавачките служби и јавната администрација.

Собранието ги подобрило своите перформанси како форум за конструктивен политички дијалог и ги засилило своите надзорни и законодавни функции, додека климата во која функционираат организациите на граѓанското општество се подобрува.

Спомните се и Преспанскиот, Охридскиот и Договорот со Бугарија, неодамнешните претседателски избори, носењето стратешки документи, справувањето со мигрантите, реформата на разузнавачките служби, следењето на комуникациите, Агенцијата за национална безбедност, СЈО и др.

Покрај нашата земја, позитивна препорака за приклучување во големото европско семејство, доби и Република Албанија.