ЕУ вести

Петок, 8 март 2019 година

Родовата еднаквост приоритет за Европската комисија

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Европската комисија се осврна на женските права во Европа и во странство. 

„Европа се рангира меѓу најбезбедните и наједнаквите места за девојките и жените во светот. Но, исто така, во Европа жените сѐ уште се соочуваат со предизвици, нееднаквости и закани во нивниот секојдневен живот: злоупотреби и малтретирање, пониски плати, помалку можности за работа и кариера. И тоа е неприфатливо“ – велат од Еврокомисијата.

Новите правила на Европската Унија за рамнотежата помеѓу работата и животот треба да придонесат кон зголемување на бројот на жени на работа, давајќи им на семејствата вистински избор за тоа како да го организираат својот професионален и приватен живот. 
Бројот на жени со кариера полека расте во Европа, но, сепак, тие сѐ уште се недоволно застапени, а нивниот потенцијал не е целосно признаен и вреднуван. Комисијата посакува повеќе жени кандидати на претстојните европски избори. Исто така, се залага за поголема застапеност на жените на највисоките нивоа на сите институции на ЕУ, вклучително и како комесари. 

Родовата еднаквост е приоритет и во соработката со земјите партнери ширум светот. Целта е да им се даде на сите жени и девојки еднаков пристап до здравствените услуги, образованието и економското зајакнување и можност да ја обликуваат сопствената иднина. 

Click