Собраниско раководство

Понеделник, 27 ноември 2017, Стокхолм

Аудиенција кај Кралот на Шведска, Неговото Височество Карл XVI Густаф, на г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија

Согласно Програмата на официјалната посета, реализирана е Аудиенција кај Кралот на Шведска, Неговото Височество Карл XVI Густаф, за претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. Во оваа пригода, беа разменети видувања за актуелните состојби на политички и општествен план од билатерален и мултилатерален карактер. 

Во текот на спонтаните разговори, Н.В. Кралот на Шведска, се осврна на убавите спомени од неговата посета во Република Македонија во 1997 година, кога бил во посета на шведските војници во составот на Нордискиот баталјон на UNPREDEP, при што имал прилика да го посети Охрид. Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Џафери, заблагодарувајќи се на овозможениот прием во Кралската палата, го покани Кралот на Шведска да ја посети повторно Република Македонија во текот на 2018 година, во период кој што е најсоодветен и прифатлив за Неговото Височество.

Од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, во име на Собранието на Република Македонија, на Н.В. Карл XVI Густаф му беше подарена Длабока охридска резба со флорални мотиви, која за време на Аудиенцијата, беше изложена на пригодно место во Кралската палата.


 

Click