Понеделник, 30 декември 2019 година
Новогодишно дружење на претседателот Џафери со дечињата
Денеска претседателот Џафери и Собранието на Република Северна Македонија беа домаќини на најмалите и најдраги гости, дечињата на пратениците и вработените во законодавниот дом, за кои беа подготвени пригодни новогодишни пакетчиња кои им ги доделуваше Дедо Мраз.


Претседателот Џафери им посака добро здравје и многу среќни насмевки и ги покани да бидат редовни гости на Собранието на Република Северна Македонија.
