Среда, 27 декември 2017 година
Претседателот Џафери подари новогодишни пакетчиња
Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Талат Џафери, денеска им подари новогодишни пакетчиња на учениците во посебното основно училиште - „Иднина“ и на децата на Универзитетската клиника за детски болести, Оддел Онкологија.


Насмевките и дружбата со овие прекрасни деца нè потсетија уште еднаш дека споделувањето на радост, добра мисла и подадената рака треба да е секојдневна водилка за секој човек без разлика на професијата и возраста.