Собраниско раководство

Понеделник, 3 јули 2017 година

Претседателот Џафери се сретна со г. Вујановиќ, г. Пажин и г. Зенка

Во рамките на официјалната посета на Црна Гора, претседателот Џафери се сретна со г. Зоран Пажин, потпретседател на Владата на Црна Гора за политички систем и министер за правда.

Првата официјална посета на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери на Црна Гора беше оценета како потврда за одличните билатерални односи меѓу двете држави кои во континуитет се негуваат. Нагласувајќи ја политичката стабилност како услов за економски развој, двајцата соговорници се сложија дека економската размена има многу поголем потенцијал од постоечкиот обем и изразија очекување дека во периодот што следи ќе имаме поинтензивна економска соработка која ќе има позитивно влијание на целокупната економска активност во двете држави. Беше искажана спремност за соработка на заеднички инфраструктурни и енергетски проекти, како и соработка во областа на туризмот.

Во рамки на посетата, претседателот Џафери и пратениците Адеми и Димитриевски се сретнаа со г. Мехмед Зенка, министер за човекови и малцински права. Министерот Зенка истакна дека Црна Гора успеа да ги надмине предизвиците и од малцинставата да направи сојузници за своите стратешки приоритети. Тој нагласи дека малцинствата дадоа голем придонес за евроатлантската интеграција на Црна Гора, а тоа е резултат на една зрела политика која правилно се постави кон нив.

Двате страни ја наглaсија важноста на третманот на малцинствата за воспоставување на односи на пријателство и сојузништво меѓу државите во регионот. Иако барањата на малцинствата не се докрај исполенти, на нив постојано се работи и тие наидуваат на слух кај политичките партнери, нагласи министерот Зенка.

Делегацијата на Собранието на Република Македонија предводена од претстедателот Талат Џафери оствари средба и со г. Филип Вујановиќ, претседател на Црна Гора. Претседателот Вујановиќ истакна дека двете држави ги врзуваат пријателски однос

и без отворени прашања и дека можат да послужат за пример во регионот за отворена и блиска соработка. Тој ја нагласи важноста од директна комуникација, а во тој контекст соработката меѓу двете Собранија ја оцени како исклучително важна. 

Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, упати искрени честитики за полноправното членство на Црна Гора во НАТО истакнувајќи дека овој успех е поттик за нас и дека се надеваме наскоро да ги надминеме пречките и Република Македонија да стане 30. членка на Алијансата. Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во двете држави и во регионот и изразија надеж дека со помош на ЕУ, во рамките на Берлинскиот процес, ќе бидат финансирани повеќе инфраструктурни проекти. 

Од наша страна беше покренато прашањето за обновување на авионската линија меѓу Подгорица и Скопје како и зголемување на соработката во областа на туризмот.          


Click