Собраниско раководство

Петок, 30 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорoт на Романија Н.Е. Виорел Станила 

На денешната средба со амбасадорот на Романија, Н.Е. Виорел Станила, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, ја поздрави досегашната поддршка што ја дава Романија на Република Македонија за eвроатлантските интеграции и изрази надеж дека овој процес на интеграција во ЕУ и НАТО ќе добие нова и посилна димензија во наредниот период. 

„По убедување сум демократ, но се трудам во тој демократски дух да ги спроведувам парламентарните правила и процедури во целост, и се надевам дека ќе успеам во тоа и сите заедно треба да прифатиме дека 27 април е историја зад нас“, истакна претседателот на македонското Собрание, и во тој дух ја потенцираше важноста на парламентарната соработка, како и важноста од унапредување на севкупните политички и економски односи меѓу двете пријателски земји.

Романскиот амбасадор изразувајќи го своето задоволство од средбата со претседателот Џафери му упати честитка лично од претседателот на романскиот Сенат и го изрази своето уверување и надеж дека со новиот претседател на Собранието, како и со изборот на новата македонска влада, конечно ќе се отворат нови можности и перспективи за развој и европска интеграција на нашата земја. Амбасадорот на Романија ја нагласи потребата од заемна соработка на двете земји во сите области и ја нагласи определбата на Романија да продолжи да нè поддржува кон нашето членство во НАТО и ЕУ. 

На крајот и двајцата соговорници ја споделија својата определба дека ќе дадат свој придонес за јакнење на меѓусебната соработка.   

Click