Собраниско раководство

Четврток, 2 ноември 2017 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРЕШЕВО, Г. ШЌИПРИМ АРИФИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска имаше кратка протоколарна средба со градоначалникот на Прешево, г. Шќиприм Арифи.

На почеток на средбата, г. Арифи ја искористи приликата да му честита на г. Талат Џафери на изборот за претседател на Собранието на Република Македонија и изрази уверување дека новоизбраниот претседател ќе ја врши оваа должност одговорно и достоинствено. 

Претседателот Џафери се заблагодари на честитките и изрази задоволство од остварувањето на оваа посета. Тој даде поддршка ваквите посети да продолжат и во иднина, а беше констатирана и меѓуинституционална соработка на сите нивоа. Взаемната констатација беше дека таквата соработка е придонес за стабилноста на двете соседни земји, а со тоа и придонес во стабилноста на поширокиот регион. 

Соговорниците разговараа и за прашања од правно-административен аспект, со цел да се увидат можностите за проширување на соработката меѓу двете држави. 

Click