Собраниско раководство

Вторник, 27 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Македонија г-ѓа Кеихо Ханеда

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Македонија, г-ѓа Кеихо Ханеда. 

Претседателот Џафери, на почетокот на средбата, го изрази своето задоволство и упати честитки до првиот резидентен амбасадор на Јапонија со седиште во Скопје, Република Македонија, и изрази надеж дека сега ќе се создадат уште подобри услови за продлабочување и интензивирање на соработката на сите полиња. 

Претседателот Џафери потенцираше дека иако географската оддалеченост на двете земји е голема, сепак односите помеѓу двата народа се блиски и пријателски и така треба и да останат. 

„Очекуваме во периодот кој следи да ги формираме пратеничките групи за соработка меѓу кои и со Кралството Јапонија, и да ја интензивираме парламентарната соработка како и севкупните политички и економски односи меѓу двете земји“, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија.

Јапонската амбасадорка му го честиташе изборот на Талат Џафери за претседател на собранието и го изрази своето задоволство од пријателството што го забележала кај македонските граѓани. 

Таа истакна дека има многу работи што треба да ги направи за време на нејзиниот мандат во земјава и најголем интерес изрази околу зајакнување на економската соработка и ја искажа својата спремност да ги посети слободните економски зони и да се запознае со можностите за развој и заемна соработка. 

На крајот и двајцата соговорници ја изразија својата надеж за стабилизација и евроатлантска интеграција на Република Македонија.

Click