Собраниско раководство

Петок, 8 декември 2017 година

Учество на претседателот Џафери на Парламентарно безбедносниот форум во Вашингтон

На покана од американскиот конгресмен Роберт Питинџер, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, учествуваше на Парламентарно безбедносниот форум кој се одржа во американскиот Конгрес во Вашингтон. 

На овој значаен парламентарен собир, учествуваа неколку претседатели на собранија, пратеници, министри и експерти од областа на спречување на финансирање на тероризам и перење пари.

Во фокусот на дебатата беа повеќе теми од оваа област, меѓу кои законската рамка за превенција и борба против финансирањето на тероризмот и перењето на пари, важноста на споделување на информации меѓу државите и владините агенции за финансиско разузнавање, како и предизвиците што произлегуваат од брзиот технолошки развој.

Што се однесува до регионот на Западен Балкан, потсекретарот за финансии, г. Сигал Манделкер, истакна дека регионот мора да делува како една целина, со цел полесно да се справи со предизвиците во борбата против овој високо софистициран начин на финансирање на тероризмот.  И токму затоа, повеќе од неопходна е целосната интеграција на земјите во НАТО.

Претседателот на американскиот Конгрес, г. Пол Рајан, ги поздрави присутните учесници на Форумот, придавајќи им особено внимание на претседателите на парламентите од Западен Балкан.  

Click