Среда, 27 февруари 2019 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г. ГЕНТ ЦАКАЈ, ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со заменик-министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г. Гент Цакај.
На средбата, двајцата соговорници го изразија задоволството за ратификацијата на пристапниот Протокол за НАТО во албанскиот парламент. Нагласена е одличната соработка меѓу Тирана и Скопје во изминатите години, како и напорите на Албанија за поддршка на нашата држава на европскиот пат.