Собраниско раководство

Понеделник, 28 јуни 2021 година, Брисел

Билатерална средба на претседателот Џафери и претседателот Зорчиќ

Денеска, на маргините на Самитот на претседатели на Парламенти: Европски парламент – Западен Балкан претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Словенија, г. Игор Зорчиќ. Република Словенија го презема претседателството со Советот на Европа во втората половина на 2021 година. 

Претседателот Џафери искажа благодарност за континуираната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Република Словенија во процесот на Евроинтеграции. Претседателот Џафери ја истакна одличната соработка со претставникот на Словенија во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, како и соработката во насока на справување со бегалската криза и КОВИД – 19 пандемијата.  Со Република Словенија немаме отворени прашања, соработката на сите нивоа е задоволителна, но постои простор за унапредување на соработката особено во сверата на економијата, културата и туризмот. Пандемијата со КОВИД – 19 несомнено ја обремени и забави директна билатерлна комуникација, но целосната имунизација полека но сигурно придонесува за враќање на процесите во нормална динамика. Претседателот Џафери подвлече дека Европската унија не е комплетна без целосно интегрирање на сите држави од Западен Балкан. 

Претседателот на Националното Собрание на Словенија истакна дека Словенија го поддржува членството на Република Северна Македонија во Европската Унија. Одредени билатерални прашања не треба да бидат пречка на патот кон целосно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ. Претседателот Зорчиќ се осврна на компромисното решение на непопречување и неблокирање на евроинтеграивниот пат на Хрватска, односно решавање на билатералните прашања како паралелен процес на пристапувањето кон Европската унија. 

Соговорниците се согласија дека ваков формат на комуникација на ниво на претседатели на Парламенти е особено полезен особено доколку вакви самити се одржуваат во Европските институции, затоа што истите се дополнителен индикатор дека Европската унија јасно покажува интерес кон земјите од Западен Балкан и прашањето на проширувањето е високо на агендата на ЕУ. 

Click