Собраниско раководство

Понеделник, 13 декември 2021

Претседателот Џафери прогласен за Почесен граѓанин на Општина Лежа

Во рамките на работната посета на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери во Република Албанија, покрај средбата со Претседателката на Собранието, г-ѓа Линдита Никола, од страна на Советот на Општина Лежа, му беше доделена и титулата „Почесен граѓанин“ на Општина Лежа, во знак на неговото достоинствено вршење на должноста Претседател на Собрание, со што го валоризира албанскиот државотворен фактор во сите аспекти, за неговото посветеното политичко делување низ годините и придонесот во зачувувањето на националните и патриотските вредности. 

Покрај тоа, тесните врски на Претседателот Џафери се и во доменот на промоцијата на туризмот на Лежа, со оглед на тоа што е меѓу високите личности кој редовно ги поминува семејните летни одмори во овој убав град. 

На церемонијата на свеченото доделување на титулата, присуствуваа и Претседателката Никола, амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Фатос Река, како и други високи гости, пријатели и познаници.

Ова е втора по ред Титула „Почесен граѓанин“, на Претседателот Џафери, по првата доделена од Советот на Градот Суха Река, по повод 10 годишнината од прогласувањето на независноста на Република Косово. 

Click