Собраниско раководство

Четврток, 27 мај 2021

Проштална средба на претседателот Џафери со уставниот судија Мурати

Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари проштална средба со претседателот на Уставниот суд, г. Сали Мурати. На средбата заемно беше констатирана добрата соработка на Собранието со институцијата Уставен суд.

Претседателот Џафери се заблагодари на придонесот кој судијата Мурати го има дадено преку неговата работа во една значајна институција како што е Уставниот суд и му посака, пред сè, добро здравје, со желба за понатамошни успеси на личен и професионален план по завршувањето на мандатот на претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Click