Собраниско раководство

Среда, 9 декември 2020 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРОТ AБДРАШОВ

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, го прими во прва официјална посета новоименуваниот амбасадор на Казахстан во Република Северна Македонија, Н.Е. Жанибек Абдрашов. 

Претседателот Џафери, посакувајќи му топло добредојде на амбасадорот Абдрашов, ја потенцираше како исклучителна досегашната соработка со претходниот амбасадор и со казахстанската Амбасада, и искажа надеж дека истата ќе продолжи со уште поголема динамика. Претседателот ги реафирмираше придобивките од одличните и пријателски односи меѓу двете држави при што особено ја истакна парламентарната дипломатија во унапредувањето на билатералните и мултилатералните односи, политичкиот дијалог и димензирањето на севкупната соработка меѓу двете земји. Претседателот изрази задоволство и од успешното преговарање на три клучни договори од правната сфера, како што се Договорот за заемна правна помош во кривични предмети, Договор за трансфер на осудени лица, како и Договорот за екстрадиција. Воедно, го информираше амбасадорот и за активностите во Собранието, како и за неговата инцијатива за разгледување на можностите за работа на Собранието од далечина, т.е. на дел од пратениците кои од здравствени причини не се во можност да обезбедат физичко присуство на седниците.

Амбасадорот Абдрашов се заблагодари на топлиот прием во домот на демократијата и се согласи дека, односите меѓу Казахстан и Република Северна Македонија се пријателски. Тој му честиташе на претседателот Џафери за успешната заложба за прием на земјата во НАТО и евроинтеграцискиот процес.

Покрај тоа, подвлече дека потесната меѓупарламентарна соработка на ниво на Пратеничките групи за соработка, на обостран интерес, ќе продолжи веднаш штом тоа го дозволат здравствените услови поврзани со КОВИД-19 пандемијата. Неговата Екселенција искажа дека во идната негова мисија ќе се состои во зајакнување на економската соработка на двете земји, зголемување на трговската размена и иницирање на инвестициските активности меѓу двете земји. 

Соговорниците искажаа уверување за натамошна соработка, взаемна поддршка на мултилатерален план, и јакнење на меѓупарламентарните врски на повеќе нивоа.

Click