
Среда, 2 јуни 2021
Средба на претседателот Џафери со амбасадорот Расули
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Исламската Република Иран во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. Сејед Мохамад Џавад Расули, и неговите соработници.
Двајцата соговорници се согласија во однос на важната улога на парламентарната дипломатија во развојот и динамиката на односите меѓу две држави, имајќи ја предвид улогата и позицијата што ја имаат законодавните институции.
На средбата стана збор и за можностите и начините на развој на соработката на парламентарно ниво.

