Собраниско раководство

Понеделник, 21 декември 2020 година

Обраќањe на претседателот Џафери по повод 21 Декември - Денот на турската настава

Почитуван претседател на Големото национално собрание на Република Турција, г. Шентоп,
Почитувани членови на Делегацијата,  
Почитуван претседател на Влада на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев,
Почитуван претседател на МАТУСИТЕБ, г. Емин,
Почитувана Екселенција Секизќок, 
Почитувани гости, дами и господа,
Имам чест и задоволство што во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, имам можност да го поздравам високопочитуваниот претседател на Големото национално собрание на Република Турција, мојот пријател г. Мустафа Шентоп и почитуваните членови на Делегацијата, и дозволете да ја искористам оваа прилика и Вам драг колега, на сите присутни во салава, меѓутоа и на сите наши сограѓани, припадници на турската заедница, да ви го честитам 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија, кој што е во чест на нашите сограѓани Турци во земјава, меѓутоа со сета почит и внимание и за Република Турција која е наш традиционален, долгогодишен и искрен пријател.

 

Под поимот пријател, мислам и во добро и во зло. Подадената рака на турскиот народ секогаш ги допира нашите срца. Тоа го прави и во ова тешко време на глобална пандемија кога човештвото е исправено пред глобалниот здравствен и економски ризик. Благодарни сме за вашето присуство, соработка, поддршка и помош во секој сегмент од нашето опстојување како држава. Нашето партнерство, покрај во ПСЈИЕ (PCSEE) , сега е проширено и со нашето членство во NATO и во PABSEC каде заедно ќе придонесуваме во градење на мир и благосостојба во светот. Огромна благодарност и до Турската полумесечина, до ТИКА и Фондацијата МААРИФ. Бидете живи, здрави и нека живее вечно пријателството со Република Турција! Ви благодарам на вниманието!

Click