Собраниско раководство

Сабота, 21 ноември 2020 година, Хотел „Уранику“ - Дебар

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод 111-годишнината од Дебарскиот конгрес 

Почитуван Претседател на Република Албанија, г. Илир Мета,
Почитуван прв премиер, г. Артан Груби,
Почитуван министер за животна средина, г. Насер Нуредини,
Почитуван претседател на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети,
Почитуван градоначалник на Општина Дебар, г. Хекуран Дука,
Претставници на Здружението „Дебарски сојуз“ од Тирана,
Почитувани историчари,
Почитувани амбасадори,
Дами и господа,

Дозволете да го споделам задоволството што денес сум тука помеѓу вас, на одбележувањето на 111-годишнината од Дебарскиот конгрес, конгресот на будењето на националната свест на Албанците за независност каде силата на националното чувство, со сета волја, визија, моќ и храброст на албанските делегати од сите вилаети, успеа да ги стави на маса за дискусија интересите, потребите и правата на Албанците и по шестдневна работа, покрај усвојувањето на мерките кои беа во однос на вкупниот економски и културен развој на вилаетите на Европска Турција, се опфатија и посебни мерки кои беа во однос на Албанците а кои беа поднесени од претставниците на оваа национална албанска струја. И, ако се занимаваме со историските толкувања кои се најразлични, од оние дека барањата беа недоволни, дека малку се доби, и дека всушност овој конгрес е конгрес организиран од младотурските сили, сепак, познат факт е дека истиот се претвори во огнена трибина на поднесување со сила на кардиналните проблеми кои ги тиштеа Албанците. Тука спаѓаа оние економските меѓутоа и културните, како градењето на железници, сушењето на мочуриштата, изучувањето на современите сознанија, отворањето на основните и средните училишта со настава на албански јазик, одделувањето на училиштето од црквата и џамијата, одвивањето на верските церемонии на мајчин јазик, признавањето на законите и на албанскиот јазик од државната власт. И, доколку на овие барања се додаде и одлучувачката тежина што ја даде Дебарскиот конгрес, тогаш овој конгрес со право може да се смета за прв масовен собир на Албанците кој успеа да поднесе барања со нагласено политички карактер и придобивање на конкретни резултати на национален план во рамките на отоманската империја. Покрај ова, одлуките од конгресот, идната година беа објавени со унифицираната азбука на албанскиот јазик која што беше усвоена на Битолскиот конгрес, и дозволете да ја искористам приликата и да изразам срдечни честитки по повод празникот 22 Ноември, и да посакам да прославиме уште многу идни годишнини.

Почитувани,

Дозволете да им честитам и на организаторите, Општина Дебар, градоначалникот Хекуран Дука, и Здружението „Дебарски сојуз“ од Тирана, за овој исклучителен настан во олку невообичаени услови. Дебар се справуваше со исклучително тежок здравствен предизвик, меѓутоа го надмина, се надевам дека набрзо сѐ ќе се врати во нормала, тука, во земјава, во регионот и во целиот свет.    

Ви посакувам добро здравје и Ви благодарам на вниманието.

Click